• Предизвик
Во согласност со барањата на современиот бизнис и сертифицирањето од страна на компанијата за акредитација „Accreditation Canada International“, клиниката Магдалена е посветена на подигање на безбедноста на пациентите на повисоко ниво и подобрување на квалитетот на здравствената заштита.
• Решение
Специјализирано ИТ решение кое ги комбинира болничкиот информациски систем и уникатен систем на нараквица со баркод, чие воведување обезбедува точна идентификација на пациентот и овозможува лесен увид во медицинската и друга документација.
• Придобивки
Идентификацијата на пациентот е дополнително поедноставена, можноста за лекување на погрешен пациент е минимизирана, а пристапот до медицинските податоци е побрз. Со поефикасно следење на дијагностичките и терапевтските процедури, продуктивноста е значително зголемена.