Рибоните базирани на восок/смола се наменети за печатење на хартија, картон и синтетички етикети изложени на хемикалии и други тешки услови за етикетирање на производите.
Zebra 3200 Premium Wax/Resin
Рибонот Zebra 3200 Wax/Resin обезбедува одличен квалитет на печатење на широк спектар на хартиени и синтетички етикети. Печатењето со помош на оваа лента е отпорно на прскање, лупење и изложување на производот на хемикалии или влажност. Долготрајно е отпорен на високи температури, со можност за печатење со брзина од 250 mm во секунда.
Zebra 3400 High-performance Wax/Resin
Рибонот Zebra 3400 Wax/Resin овозможува одличен квалитет на печатење на широк избор на мат хартија и синтетички етикети и картонски ознаки. Печатењето со помош на оваа лента е отпорно на прскање, лупење и изложување на производот на хемикалии или влажност. Долготрајно е отпорен на високи температури, со можност за печатење со брзина од 200 mm во секунда.