SSS WMS - Софтвер за магацинско работење

Помалку грижи, повеќе контрола: Поедноставете го Вашето магацинско работење со SSS WMS

Со SSS WMS унапредете го вашето магацинско работење. Не трошете драгоцено време на барање погрешно распределени артикли – започнете ја дигиталната трансформација со нас.

Во големи и модерни магацини, манипулацијата со голема количина на стока, нејзиното складирање и ефикасна испорака претставува предизвик. InfoKod Smart Stock Solution (SSS WMS) е софтверско решение што ги поедноставува, автоматизира и оптимизира магацинските процеси.

Со помош на SSS WMS, можно е да се управува со целокупното работење на магацинот во комбинација со уреди за идентификациска технологија (баркод и RFID) и да се добие одличен увид во секојдневните оперативни предизвици.

За да ви овозможиме „бизнис на дланка“, ја развивме сопствената SSS WMS веб апликација, прилагодена за решавање на предизвиците во магацинското работење.

Прашајте стручно лице

Имате прашања или ви треба совет? Јавете ни се, сакаме да ви помогнеме.

Поставете прашање
01

Прием на стока

Онлајн контрола на приемот на стока се врши со помош на различни технологии. Процесот на следење на стоката што пристигнува во магацинот се одвива во реално време, со автоматско пополнување на магацинскиот простор според однапред дефинираните позиции.

02

Управување со залихи

Следењето на залихите во реално време и нивното автоматско ажурирање го намалува ризикот од преголеми или недоволни количини на стока. Автоматизацијата на процесите помага за подобрување на точноста, ефикасноста и исплатливоста при управувањето со залихите.

03

Обработка на налози

Точна обработка на нарачките со скенирање на баркод, комуникација со ERP системот и други автоматизирани процеси ја намалува веројатноста за грешки, што резултира со помал број на повратници и поголемо задоволство на клиентите.

04

Испорака на стока

SSS WMS jа унапредува точноста на испораката, осигурувајќи дека вистинските производи се избрани, спакувани и испратени на точните адреси на клиентите. Ги поедноставува процесите на достава со автоматизација на сите чекори вклучени во испораката, што доведува до заштеда на време.

05

Анализи и извештаи

Анализите и извештаите од системот SSS WMS ќе ви помогнат да добиете подобар преглед на магацинското работење, ќе ви овозможат полесно донесување одлуки и ќе го поедностават планирањето на логистичките операции.

Помалку грижи, повеќе контрола: Поедноставете го Вашето магацинско работење со SSS WMS

SSS WMS - Софтвер за магацинско работење

Нашата мисија е да ви помогнеме да ги поврзете сите важни елементи во една целина и да ви понудиме сеопфатно решение.

Со InfoKod SSS WMS, кој е интегриран со вашиот ERP, вашето работење станува поедноставно и поефикасно, а вработените позадоволни. Таквата синергија резултира со остварување на целите на компанијата.

Максимизирајте ја ефикасноста на магацинот

Со SSS WMS автоматизирајте ги магацинските процеси и постигнете целосно следење на артиклите. Овозможете Вашите вработени да користат технолошки напредна опрема за да ги извршуваат работните задачи поефикасно и со поголемо задоволство, успешно придонесувајќи кон остварување на целите на компанијата.

Софтверско решение

SSS WMS е интуитивна апликација, лесна за користење и директно се поврзува со вашиот бизнис систем. Овозможува лесно следење на секој артикл и неговото движење низ магацинот – од прием до испорака. Служи за забрзување на работните процеси, оптимално искористување на магацинскиот простор, зголемување на точноста при прием, собирање и подготовка на стоката од магацинот според нарачките на клиентите и соодветно издавање на стоката. Го елиминира непотребното користење на хартиена документација, го олеснува пописот и ја зголемува проточноста на стоката, со што се намалуваат трошоците за работење.

Принтери

За печатење на баркодови на артиклите, етикети за означување на локациите во магацинот или пак декларации, изберете еден од принтерите од понудата на Info-kod - прилагодени за магацинско работење. Дизајнирани да ги задоволат вашите сегашни и идни потреби, овие мултифункционални принтери се одликуваат со издржливост, лесна инсталација, како и со исклучителна флексибилност при користење. Робусната конструкција на магацинските принтери ги прави идеални за работа во вашата средина, додека моќните процесорски единици и големиот капацитет за складирање обезбедуваат сигурна и долготрајна работа.

Мобилни терминали (ПДА уреди)

Изберете мобилни терминали кои имаат интегрирано три високоефикасни сензори во еден моќен скенер со проширен опсег што чита баркодови на растојание од неколку сантиметри до дваесетина метри. Тоа може да е 1D ласер со стандардно дејство или пак дигитален читач кој може да препознава 1D и 2D баркодови. Без разлика кој сензор за скенирање ќе го изберете, можете да скенирате сè – вклучувајќи и баркодови кои се изгребани, валкани, оштетени, слабо отпечатени или пак се наоѓаат под пакувањето.

Прашајте стручно лице

Имате прашања или ви треба совет? Јавете ни се, сакаме да ви помогнеме.

Поставете прашање

Тука сме за вас

Скоро 30 години ги советуваме нашите клиенти која опрема да ја преземат за одреден вид на деловна активност, затоа не двоумете се да повикате помош при донесување одлука. Исто така, ќе ја добиете целата потребна техничка поддршка и услуга.

Контактирајте не

Политика за колачиња

Со цел оваа веб-страница да функционира правилно и да го подобриме вашето корисничко искуство, ние користиме колачиња. Пронајдете повеќе информации во нашите Политика за колачиња.

Изберете колачиња на страната

Овозможете или оневозможете употреба на функционалните и / или рекламните колачиња опишани подолу од веб-страницата:

Поставки Прифаќам се Во ред!