Новости

ИНТЕГРАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВОТО И МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ СО PANTHEON ERP И SSS WMS

Инфо-Код, во соработка со своите партнери од Datalab, на 7 ноември 2025 година во хотел DoubleTree by Hilton – Скопје, успешно го одржа деловниот настан посветен на „Дигитализацијата како клучен фактор за современ бизнис“. Настанот беше наменет за производствените компании како и компаниите кои оперираат со магацинско работење, но и менаџери и ИТ експерти кои сакаат да ги унапредат своите деловни процеси преку современи дигитални решенија.

 

Во рамките на програмата беа опфатени неколку клучни теми:

  • Дигитализацијата како предуслов за опстанок и раст на компаниите во денешните динамични услови;

  • Интеграцијата на SSS WMS и Pantheon ERP како целосно решение што ги покрива сите фази во производството и магацинското работење;

  • Мобилна ефикасност и следливост, преку демонстрација на WMS модулите за производство и контрола на квалитет;

  • Следлива логистика, со нагласување на имплементацијата на GS1 стандардите и SSCC баркодовите за целосен увид во ланецот на снабдување.

Инфо-Код ги презентираше своите решенија за автоматизација и идентификација со баркод и RFID технологии (преку SSS WMS), кои во комбинација со ERP системот Pantheon претставуваат силна основа за дигитална трансформација на секој бизнис.

Ова беше одлична можност да ги споделиме нашите знаења и искуства со бизнис заедницата и уште еднаш да ја потврдиме нашата посветеност за поддршка на компаниите во нивниот пат кон оптимизација и раст.

 

Преку вакви настани, Инфо-Код ја продолжува својата мисија да ги поврзува технологијата и практичните деловни потреби, создавајќи решенија што ја поттикнуваат ефикасноста, конкурентноста и развојот на домашната економија.

 

Повеќе детали за настанот ќе најдете и на веб-страниците на Datalab и SDK.

1

2

3

4

5

6

Прашајте стручно лице

Имате прашања или ви треба совет? Јавете ни се, сакаме да ви помогнеме.

Поставете прашање

Прашајте стручно лице

Имате прашања или ви треба совет? Јавете ни се, сакаме да ви помогнеме.

Поставете прашање

Политика за колачиња

Со цел оваа веб-страница да функционира правилно и да го подобриме вашето корисничко искуство, ние користиме колачиња. Пронајдете повеќе информации во нашите Политика за колачиња.

Изберете колачиња на страната

Овозможете или оневозможете употреба на функционалните и / или рекламните колачиња опишани подолу од веб-страницата:

Поставки Прифаќам се Во ред!